Насловна / Вести / Китовите се загадени со микропластика

Китовите се загадени со микропластика

Kit Orca

Новото истражување на WWF (World Wide Fund for Nature), кое вклучува и обдукција на китови од Средоземно море, покажува алармантна количина на микропластика пронајдена во самите животни. Стручњаците ги разгледувале примероците 100 морски цицачи (3 вида китови), а резултатите од ова истражување индицираат висок степен на пластично загадување. Имено, се работи за висок степен на загаденост на китовите со фталати, што е една од компонентите на пластиката, и се смета за токсична за луѓето и животните.

Zagaduvanje na more

Како што е соопштено, секојдневно во океаните завршува количина од 4,8 до 12,7 метрички тони пластика, од која 93% е потрошувачки отпад. Околу 290.000 тони пластичен отпад лебди по океаните и морињата, а се состои од 5.000 милијарди честички. Под влијание на Сонцето и брановите, пластиката се распаѓа на помали честички чие распаѓање пак, трае и по неколку стотици години. Средоземното море се класифицира како шесто најголемо подрачје за акумулација на пластичен отпад на планетата со просечна концентрацоја од 115.000 честички микроплатика на километар квадратен морска површина.

Kitovi zastita od zagaduvanje

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top