Со најновото доделување на решенијата, со правен статус се стекнаа 50 нелегално изградени зданија, со што е решена една третина од пристигнатите барања за легализација или вкупно 3454 предмети.
„За граѓаните, ова значи историска можност да се стекнат со сигурност. Да станат реални сопственици на својот имот и да можат правно да располагаат со него. Општината пак, може да носи и носи нови урбанистички планови во кои ги впишува и новолегализираните објекти, со што се овозможуваат услови и за нови градби, доградби, надградби“, соопштуваат од општината Кисела Вода.