Во Кипар се спроведува национален проект од областа на соларната енергија, која опфаќа над 400 образовни институции. Државата ќе плати вкупно 6.9 милиони евра на EAC (Electricity Authority of Cyprus) и на компаниите изведувачи во период од 20 години, а сите фотоволтаични централи ќе бидат инсталирани до крајот на наредната година.
EAC објави јавен повик за компании кои ќе градат фотоволтаични централи на покривите на градинките, основните и средните училишта. Проектот за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност бил започнат во јуни минатата година, заедно со Министерството за образование и култура. Според тендерската документација, 405 образовни институции ќе добијат фотоволтаични централи, со вкупна моќност од 4.2 MW.
EAC ќе биде одговорна за управувањето со инсталациите 10 години. Со произведената енергија, институциите ќе можат во најголем дел да ги задоволат сопствените потреби.