Паркот Горки во Москва стана побогат за „поп-ап“ кино сместено спроти Музејот на современа уметност „Garage“. Привремената конструкција, слична на „превртен“ бедуински шатор, ја има направeно ерменското архитектонско студио SNKH, кое е всушност блиско до номадската архитектура. Киното ќе биде домаќин на програма на руски и меѓународни филмови.
Фактот дека зградата е од привремен карактер, исто така, влијаеше на изборот на решение. Ова решение е избрано на конкурс на кој аплицирале 136 проекти бидејќи ја одразува „привремената“ природа на самата зграда. Во врска со ова, од компанијата победник велат дека од првиот ден имале визија за тоа како треба да изгледа зградата, тие замислиле дека е лесна и кревка, без sидови и цврсти бариери во конструкцијата.
Студиото ја опиша конструкцијата како „превртен“ бедуински шатор. Конструкцијата се состои од челични рамки покриени со ПВЦ обвивка. Внатре во неа има кино. Поголемиот дел од конструкцијата е поставена надвор, што укажува на примена на висока технологија во архитектурата, онаа што е препознатлива за Ричард Роџерс и Ренцо Пијано. Проектот ги поврзува концептот на бедуински шатори како примери на традиционална номадска архитектура и делата на руските конструктивисти, раните дела на Ренцо Пијано и многу други. Ова можеби не е јасно препознатливо на прв поглед, но имало влијание врз дизајнот.
SNKH исто така имале за цел да осигураат дека привремениот објект не е доминантен на локацијата, туку и во „сенката“ на Музејот, но дека стои „смело“. Иако зградата не е директно препознатлива како кино, SNKH создале серија „совети“ за нејзината намена. Ова е обележано со помош на контурите на амфитеатарот на фасадите, додека таванот се искачува кон филмското платно одвнатре, создавајќи препознатлива силуета. Неговите просторни решенија треба да покажат дека има еден вид амфитеатар внатре.
Кино салата има динамични црвени sидови со видлива кровна конструкција и потпорни звучни бариери. Бројот на места во кино е преполовен од 450 на 225 со цел да се исполнат правилата за социјално растојание поради пандемијата. Посетителите ќе седат на индивидуални столови. Зградата има четири влеза, што овозможува подобро организирање на протокот на луѓе, а поради уникатноста на градбата, постои и природна вентилација.