Principal Architect од Москва се стремат за што е можно подискретен дизајн на кино. Главната идеја била да се направи еден функционален распоред на кино, така што ќе се одземат сите непотребни детали, во случајов ѕидовите и таванот. Предлогот на архитектите бил да се конструира отворен амфитеатар кој ќе биде достапен за посетителите во секој период од денот.
Пионер киното е секогаш подготвено да прими гости. Преку ден местото е достапно за релаксација, за различни активности како на пример часови по јога, или различни предавања, а за време на вечерните часови служи за проекција на филмови. За да се постигне пермеабилност на просторот, екранот не е мазна и полна површина, туку светла и отворена структура од полици. Индивидуалните ќелии се направени од метални прачки во кои се сместени дрвја во саксии за да се постигне поголема акустичност.