Brings unseen films to unusual places!“ – е слоганот зад кој стои холандската компанија Solar World Cinema, идејниот зачетник на концептот за кина на соларна енергија, кино кое е достапно за сите. „Open air“ киното кое во целост е самоодржливо минатиот викенд беше претставено во паркот Максимир во Загреб. Се работи за извонреден медиум за забава, но и едукација, така што многумина се убедени дека Solar World Cinema претставува иднина на филмските проекции.
Имено, фотоволтаичниот систем поставен на едно комби возило ја собира сончевата енергија во текот на денот и ја овозможува филмската проекција под отворено небо. Овој концепт во Холандија е воведен уште во 2006та а подоцна е проширен во Јужна Америка и познат е уште под името „еко кино“. Целта е да се воспостави мрежа на соларни кина низ целиот свет.