“Театарот на Навигаторот Цветко“ и “Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“, во соработка со општина Центар на 22-ри и 23-ти декември, официјално го отвораат новиот културен проект – “Кино Култура“.
Познатото кино, кое цели 15 години не работеше и беше оставено на забот на времето, доби нов изглед, со реконструирано гледалиште со 180 седишта и сцена, сали за проби, урбан простор кој недостасуваше подолг период за современи изведувачки уметности, образование, социјален развој и развој на заедницата.
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски рече дека за него, за советниците и за вработените е огромна чест што поддржуваат ваков проект.
“Ова не е проект само за општина Центар, туку и за Скопје и за цела Македонија. Живееме во време на девалвирање на културата и културните работници. Затоа со овој проект сакаме да ги гледаме повторно прекрасните претстави. Општина Центар е секогаш тука за Вас. Ниту сме се јавиле, ниту ќе се јавуваме во иднина во кој правец да работите. Наше е само да дадеме поддршка. Секој ќе може да го користи просторот и ќе има комплетна слобода“, рече градоначалникот Жерновски.
Слободан Унковски, Уметнички директор на Театар на Навигаторот Цветко рече дека “Кино Култура“ нема да биде под влијание на Министерство за култура и никој од таму нема да одлучува што ќе биде на репертоарот.
Биљана Тануровска Ќулавковски, извршен и програмски менаџер на Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата посочи дека ова е работа во процес, но одлучено е да се почне со работа, бидејќи одамна се чекало на ваков независен сценски простор, на кој ќе има театарска nbso online casino reviews програма од македонски и светски автори.
Програмата “Заедно“ ќе значи отворање кон заедницата, децата и младите ќе работат заедно со еминентни уметници.
“Пред нас се многу предизвици овој простор да го прошириме за современата култура и уметност“, рече Тануровска Кулавковски.
Просторот ќе биде наменет за професионалците и граѓаните на општина Центар, како и за различните заедници, кои се дел од социо-културната сфера.
Учениците од општина Центар ќе можат бесплатно да ги следат претставите, а прва на репертоар е претставата “Ајнштајновите соништа“, по текст на Алан Лајтман, драматизација на Русомир Богдановски, а во режија на Слободан Унковски.
Утре, во 21:00 часот, во “Кино Култура“ ќе се одржи концерт на популарните “Фолтин“.
Честитка од новинарите присутни на денешната прес-конференција за основачите, бидејќи како што рекоа, ваков простор одамна беше неопходен и на општина Центар, бидејќи рекоа, имаше слух да поддржи ваков проект.