Жителите на Дебар Маало добија парк. Паркот „Кино Карпош“ е зелена површина која се простира на 500 м2.
Жителите на Дебар Маало не го криеја задоволството бидејќи, велат, за првпат добиваат ваков простор за одмор и релаксација.
„Овој парк ми е особено драг, бидејќи од постоењето на Дебар Маало досега немало вакво зелено катче. Паркот е со специјален концепт. Овдека наместо зграда, посадивме дрвја и поставивме зеленило, бидејќи сакаме да го хуманизираме Дебар Маало“, рече Жерновски.
Посадени се 15 дрвја од листопадни, цветни јапонски цреши, од типот Prinus serrulata Kanzan со обем 14/16. Овие дрвја цветаат на пролет, кога даваат прекрасна слика, затоа што се наместени на една површина и геометриски распоредени во просторот.
Засадени се исто така и Aukuba Japonica – жолто-зелена грмушка и 70 Nandina Domestica Nana – која менува боја од зелена на пролет и лето, до шарена во есен и црвена на зима. Пред потпорниот ѕид се посадени 41 Кониферна грмушка – Taxus Baccata во ред, а ритамот се разбива со седум повисоки зимзелени растенија Photinia Fraseri Red Robin, во форма на топка, кои пуштаат црвени, нови листови на пролет. Средишниот дел на патеката е разубавен со 44 жолти кониферни покривачи, од типот Juniperus Media Old Gold.
Градоначалникот Жерновски најави дека следен проект во Дебар Маало е изградба на комбинирано детско и спортско игралиште на улицата „Славка Недиќ“. Постечката вегетација ќе биде задржана, а ќе се реконструира кошаркарскиот терен и летниковецот што се наоѓа таму.
maks. moze da se okarakterizira kako skver ili blokovsko zelenilo.