Насловна / Градежништво / „Кингспан“ – пат кон високи перформанси и ефикасни објекти

„Кингспан“ – пат кон високи перформанси и ефикасни објекти

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Денес во хотелот Queens во катната гаража „Зебра“ во Капиштец, Скопје, се одржа презентација на производствената програма на „Кингспан“. Темата на одличната и ефектна презентација беше новата генерација на светскиот водечки снабдувач на изолациони сендвич панели и на производи и услуги со комплетна издржливост, на оваа компанија со седиште во Ирска, Велика Британија. Презентери на овој настан беа регионалниот менаџер од Белград на компанијата „Кингспан“ – Драган Дошен, како и експертите Зоран Дукиќ и Бориша Томаниќ.

„Кингспан“ е признат субјект во глобалната градежна индустрија поради својата посветеност на иновација, дизајн, квалитет и техничка стручност. Основната идеја на презентацијата беше да се истакнат карактеристиките на одредени производи кои се дел од изолационите кровни и ѕидни системи, а пред сè на најновата генерација на IPN изолациони сендвич панели со технички особености (термика и огноотпорност), кои се далеку поквалитетни  во технички поглед од досегашните и традиционални панели со исполна од камена волна.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Посебно импресивна беше презентацијата на најновата програма на Кингспан Оптимо- архитектонски фасадни системи, заради нивните едноставни монтажни фасадни системи со чисти и рамни површини со одлични естетски решенија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На посетителите им беше претставена едноставноста како во монтажата така и во вградувањето на архитектонските панели со техничка помош на стручниот кадар на самата компанија.

При презентација на разните видови панели, беа анализирани и изложени и специфичните детали на осветлувањето на кровните и фасадните системи, начинот на фугирање и монтажа на елементите, начинот на скриените спојувања на архитектонските фасадни системи, итн.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во рамките на производствената програма на „Кингспан“ се наоѓааат и ладилни панели за употреба кај објекти со контролирана средина и објекти со високи хигиенски барања, како што се производство на храна, ладилници и чисти соби.

Презентацијата финишираше со претставување на системот на фасадни изолациони системи од програмата Benchmark, со опис на можностите што оваа серија ги нуди како навистина елегантни архитектонски фасадни решенија. Односно, оваа програма се однесува за решавање на фасадни обвивки кои можат да бидат приспособени  на исклучителни и посебни проекти.

На крајот од презентацијата беа накратко прикажани и оние референтни проекти на оваа компнија изведени во Македонија, во последните три-четири години. Тоа се аеродромите во Скопје и Охрид, фабриката за автобуси „Ван Хал“, производствениот погон на Џонсон Контрол во Штип, фабриката „Пекабеско“, „Бриколаж“ во Скопје,  СП-маркет во Тафталиџе, Скопје…

Испрати коментар

Scroll To Top