Насловна / Вести / Кинезите развиваат маглев воз кој ќе достигнува брзина поголема од 1000km/h

Кинезите развиваат маглев воз кој ќе достигнува брзина поголема од 1000km/h

Кинезите работат на брз маглев воз кој ќе може да достигне брзина поголема од 1.000 km/h. Тоа значи дека ќе биде двојно побрз од моментално најбрзиот воз кој е во функција, а тоа е Shanghai Maglev. Тој достигнува брзина од 460 km/h. Новиот маглев воз ќе биде тестиран во Харбин. На реализацијата на проектот работи кинеската компанија World Artery, а се верува дека овој експеримент ќе даде придонес во локалниот туризам. Ултра брзите возови ja користат магнетната гравитација (maglev – magnetic levitation), која им овозможува да лебдат и да се движат со голема брзина погонувани од силни магнетни полиња. За разлика од класичните возови, тие лебдат над шините и го елиминираат триењето. Само Кина, Јапонија и Јужна Кореја користат вакви возови.

ap_17234177971271

Новиот проект ја користи оваа технологија во транспортна цевки со низок вакуум, што е и најважниот дел од програмата бидејќи може да се достигнат високи брзини со релативно умерени трошоци и без загрозување на безбедноста. Но, од друга страна, брзините поголеми од 1.000 km/h, ќе донесат проблеми, кои би можеле да ги стават под знак прашалник безбедноста на патниците и инфраструктурата. Предизвиците како одржувањето на услови на низок вакуум, како и високите инвестициски трошоци мора да бидат сериозно анализирани. Доколку оваа нова технологија се покаже безбедна и одржлива за комерцијална употреба, брзиот систем ќе донесе револуција во далечните патувања, ќе ја намали оддалеченоста и ќе ги приближи ргеионите како никогаш досега.

maglev2

 

Испрати коментар

Scroll To Top