Насловна / Вести / Кинезите пуштија уникатен стаклен мост а веќе планираат и нов, четири пати поголем од овој

Кинезите пуштија уникатен стаклен мост а веќе планираат и нов, четири пати поголем од овој

Го нарекуваат „Мост на храбрите мажи“. Се наоѓа на височина од 180 метри, во централната кинеска провинција Хунан. Но, тоа не е она што го прави мост за храбри, туку материјалот од кој е изработен. Имено, станува збор за стаклен мост кој се простира над стрмна клисура во Кина и е еден од серијата стаклени мостови кои оваа земја планира да ги промовира, не само како зафати кои решаваат проблеми на луѓето туку и како нови туристички дестинации.kina4

Оригинално, името на мостот на кинески е „Хаохан Киао“ (Haohan Qiao) и неговите творци велат дека тој е перфектно стабилен и безбеден, и дека наспроти храборста што се бара, сите кои ќе поминат преку него во националниот парк Шиниузаи нема да почувствуваат никакво загрозување на безбедноста.kina2

Имено, стаклениот мост се состои од стаклени панели, секој со дебелина од 24 милиметри или 25 пати посилни и поиздржливи од нормалното стакло. Службите што го одржуваат мостот велат дека тој може да издржи голем број туристи, па дури и ако тие скокаат на него.kina9

Една од причините за издржливоста не е само дебелото стакло на панелите по кои се оди, туку и челичните кабли кои се збогатени и со поголема густина од вообичаената, така што и да пукне некој од панелите, каблите ќе го држат стаклото и нема да има никаков проблем за пешаците на мостот.kina5

Овој мост претходно бил обичен дрвен мост во должина од над 100 метри и служел како важен сообраќаен премин за луѓето во паркот, имајќи предвид дека краевите на мостот се наоѓаат на две различни спротивни места кои се највисоки точки на гребените.

Во 2014 година дел од мостот бил заменет со стаклени панели со цел да се испита како тој би функционирал и да се тестира безбедноста. Откако резултатите биле охрабрувачки, во 2015 година била заменета целокупната структура на мостот, со стаклени панели и челични кабли и некаде на средината од 2015 година бил ставен во функција.kina6

Интересно е што луѓето кои го преминуваат мостот имаат различни однесувања. Некои од нив се храбри како и самото име на мостот па без проблеми поминуваат преку стаклените панели, некои ползат а имало и примери на луѓе кои оделе со затворени очи водени од пријатели. Мостот стана и селфи атракција за туристите!kina1

Сепак, овде не е крајот на кинеските власти од провинцијата Хунан за промоција на стаклени мостови. Се очекува до крајот на годината да биде пуштен уште еден стаклен мост, многу поголем од овој. Станува збор за мост кој ќе се простира над клисурата Џанзијанџи на околу 300 километри од актулениот мост, ќе биде долг 430 метри и на речиси двојна височина од над 300 метри. Статистиката вели дека по конструкцијата ова ќе биде најдолгиот пешачки стаклен мост на светот.kina7

                                                                                               

Испрати коментар

Scroll To Top