Кинеска компанија ја демонстрирала својата сила правејќи замена на мостот Санијан во Пекинг за помалку од два дена.
За каков вид на импресивна работа се работи сведочи забрзаната снимка на каналот CCTV Америка, каде што може да се види умешноста на кинеските инженери, работници и градежната оператива. Било потребно помалку од еден ден да се демонтира постоечкиот мост по што била донесена и на лице место монтирана челична конструкција тешка 1.300 тони. Процесот на монтажата на новата конструкција на мостот траела само 19 часа.
По монтажата на конструкцијата на мостот, следело асфалтирање, поставување на сигнализација и сечење на лента – вкупно помалку од 48 часа!