Кинеската групација Hisense е новиот сопственик на познатиот словенечки бренд Gorenje, со 94% удел во компанијата. Многу акционери одлучиле да ги продадат своите акции поради добрите цени кои ги понудил кинескиот купувач, кој кон крајот на минатиот месец понудил 12 евра по акција, проценувајќи ја со тоа вредноста на Gorenjе на 293 милиони евра. Кинезите најавуваат дополнителни инвестициски вложувања, задржување на името и седиштето на компанијата. Исто така, тие гарантираат дека Gorenje ќе стане центар за истражување и развој, како и производен центар на групацијата Hisensе во Европа.