Во рок од една година, Кинезите потрошиле дури 22 милијарди за купување на недвижен имот на Менхетен, и со тоа го надминале бројот на купувачи од Русија, пишува српски „Блиц“.
„Прво, прашуваат за Централ Парк. Повеќето од моите клиенти сакаат станови со поглед на Централ парк или опкружен со Централ Парк “, објаснува брокерот Даниел Чанг, кој често патува во Кина, каде што се состанува со потенцијалните купувачи.
Кинезите даваат големи суми на пари за купување на недвижен имот и во тоа гледаат како на добра инвестиција или безбедно место на живеење. Во нови згради, повеќе од половина од сопствениците се странци, а меѓу нив доминираат Кинезите.
„Политичката ситуација во САД е стабилна. Инвестирање во недвижен имот е како да држите пари во сеф, а цените постојано се зголемуваат. Клиенти не треба да се плашат дека може нивниот имот да им се конфискува “, вели Чанг.
Според американската Национална асоцијација на трговија со недвижен имот (NRA), Канаѓаните повисоко се котираат од Кинезите по бројот на трансакции, но кога станува збор за цената, Кинезите се оние што купуваат убедливо најскапи куќи.
Причини за купување на недвижен имот во САД се бројни, а една од нив е растечката економија на Кина, која не успорува во последните три децении. Исто така, Кина се соочува со проблемот на корупцијата и даночното затајување.
Фактот што Кинезите во 75 отсто примери имотите во САД ги плаќаат во кеш, отвора сомневање дека парите во Кина се стекнати на нелегален начин.
„Тоа е причината зошто ние сме особено внимателни со купувачи од Кина“, вели Чанг.