Врз основа на веќе потпишан Меморандум за разбирање, се очекува компанија од Кина да започне со изградба на електрана во Панчево која ќе го користи отпадот како гориво за производство на електрична и топлинска енергија. Се работи за пилот проект, кој во зависност од покажаните резултати би можело да значи и негова имплементација во други градови.
Стручната јавност е поделена помеѓу ставовите дека се работи за скап проект, но од друга страна и решавање на проблемот со дивите депонии ширум Србија. Анализите покажале дека од еден тон отпад може да се произведат 650 kWh електрична енергија.