Во „Автопати на Република Српска“ е претставен проект на изградба на автопатот Бања Лука – Сплит, кој би бил 186 километри, а до морскиот брег, на тој начин, од Бања Лука би се стигнувало само за час и половина.
Проектот се уште е во фаза на разгледување, а како што истакна министерот за сообраќај и врски на РС Недељко Чубриловиќ, за затворање на финансиската конструкција и изработка на неопходната документација потребни се 10-12 години. Дури потоа би можела да почне изградбата на овој автопат, а за негова изградба се предвидувaат пет до седум години.
Според директорот на „Автопати на Република Српска“ Душан Топиќ, изградбата на овој автопат низ Рeпублика Српска во должина од 99,2 километри би чинела околу 1,5 милијарди евра. Интерес за градење на овој автопат, кој би бил продолжување на автопатот Градишка – Бања Лука кон југот на земјата, до морето, покажале неколку регионални и европски компании, но најодлучни биле претставниците на кинеската компанија „Sinohidro“, вели Топиќ.