Насловна / Градежништво / Кинетички мост во Лондон се отвора и затвора како лепеза

Кинетички мост во Лондон се отвора и затвора како лепеза

knightarchitects1

Британската фирма Knight Architects заедно со градежните инженери AKT II, го комплетираа пешачкиот мост Merchant Square Footbridge, мост во Педингтон, Лондон, кој се отвора и затвора во форма на традиционалната јапонска лепеза.

knightarchitects3

Составен од пет челични греди кои се креваат и спуштаат со помош на хидраулични дигалки, структурата има двојна улога и како кинетичка структура и како комплетно функционален пешачки мост кој им овозможува на пешаците безбедно да ги преминат 20 метри над каналот Grand Union Canal.

knightarchitects2 knightarchitects4

Широка три метри, палубата се подигнува секој петок за да ги пропушти бродчињата да поминат. Петте мостовски елементи-греди кои се прикачени на една страна, се отвораат во низа, секоја под различен агол, формирајќи атрактивна лепеза. Оградата  на мостот е дополнета со вградени LED светла кои го осветлуваат мостот во ноќта.

knightarchitects5

Испрати коментар

Scroll To Top