Насловна / Вести / Кинеско – црногорски конзорциум е избран за еколошка реконструкција на ТЕ Плевља

Кинеско – црногорски конзорциум е избран за еколошка реконструкција на ТЕ Плевља

Конзорциумот DEC International-Bemax-BB Solar-Permonte е избран за најдобар понудувач на тендерот на црногорското електростопанство (Elektroprivrede Crne Gore – EPCG) за изведување на работи на еколошката реконструкција на термоцентралата (ТЕ) Плевља, а проектот ќе овозможи работа на термоенергетскиот комплекс и во наредните 20 до 30 години.

Конзорциумот кој е одбран како најдобар понудувач за ТЕ Плевља е предводен од компанијата Dongfang Electric International Corp, која е дел од кинеската групација Dongfang Electric Corporation Limited (DEC). Вредноста на понудата е 54,43 милиони евра.

Проектот ќе обезбеди исполнување на обврските и почитување на најстрогите параметри за заштита на животната средина предвидени со најновата ЕУ регулатива од оваа област (EU 2017/1442). Планирана е изградба на постројка за десулфуризација, денитрификација, реконструкција на електрофилтерот за прашина, како и изградба на систем за третман на отпадни води.

plevlja1

Plevlja2

Plevlja3

Испрати коментар

Scroll To Top