Насловна / Вести / Кинеските власти планираат изградба на мегалополис

Кинеските власти планираат изградба на мегалополис

Kina Xiongan megalopolis

Кинеските власти откриваат „историски“ планови за изградба на нов град во специјалната економска зона наречена „Сионган ново подрачје“, што треба да биде на површина трипати поголема отколку најголемиот град во САД, Њујорк.

Властите, кои го рекламираат проектот, ги поттикнуваат луѓето да купат недвижност засега на пуста земја. ЦК на КП на Кина и Државниот совет во заедничка изјава го опишуваат градот што никнува на 100 км југозападно од Пекинг како „клучен дел од стратегијата за новиот милениум“.

Kina Xiongan zona

– Тоа е голем историски и стратешки избор на ЦК на КП на Кина на чело со Си Џинпинг, се вели во заедничката изјава.

Новиот град се очекува да го намали притисокот што се однесува на автомобили и луѓе со кои е преоптоварен Пекинг во кој живеат околу 22 милиони луѓе.

– Сионган ќе биде решение за кинескиот раст. Тоа нема да биде само реплика на историскиот успех на Кина туку ќе биде нова приказна за иднината на новиот град, наведуваат кинески медиуми.

По објавата на властите, цените на недвижностите се зголемија речиси двојно за еден ден. Интересот беше толку голем што во понеделникот владата прогласи привремена забрана за купување недвижност.

Kina Xiongan zona1

Властите препорачаа и социјалните медиуми и објавите на Интернет „да контролираат негативни коментари во врска со најавите за основање нов град“.

Можеби најимпресивна работа во целата приказна е во тоа што Сионган е само дел од иницијатива на кинеските власти на подрачје кое ги опфаќа Пекинг, Тианјин и делови од провинцијата Небеи, да создадат мегалополис во кој ќе има 130 милиони жители.

kina xiongan

Владата веќе одобри 36 милијарди долари за изградба на 1.100 км нови железнички линии за три години, а кои треба да бидат основа за транспортниот систем од новиот мегалополис. Долгорочно е планирана и изградба на 24 градски линии до 2050 година, а осум до 2020 година. Целта е од кој било крај во идниот град да се стигне до другиот крај за еден час.

Испрати коментар

Scroll To Top