Насловна / Вести / Кинеските домови го загрозуваат слојот од озонската обвивка

Кинеските домови го загрозуваат слојот од озонската обвивка

Организацијата за следење на загадувањето на животната средина откри дека во Кина, многу се користи CFC-11 или фреон, иако оваа хемикалија е целосно забранета во 2010 година. Евтината изолација на куќите во Кина може да биде една од причините за огромниот раст на емисиите кои драматично го оштетуваат озонскиот слој. Пред два месеци, научниците објавија студија која покажува забавување на падот на користење на CFC-11 иако тоа е забрането пред осум години. Се покажало дека Кина и натаму масовно го искористува.

kuka_resize

Во студијата објавена во мај во списанието „Природа“ се откри мистериозен пораст на емисиите на хлорофлуоројаглероди (CFC или фреон), особено CFC-11, супстанции кои се забранети со договорот од Монтреал. Научниците заклучиле дека овој гас повторно се произведува некаде во Источна Азија. Извештајот покажува дека нивниот клучен извор е кинеската градежна индустрија, односно изолирањето на домовите.

Властите во Кина го забранија CFC-11, но оваа регулатива слабо се применува во пракса.

Испрати коментар

Scroll To Top