--> -->
-->
Насловна / Вести / Кинеските автомобили сега интересни за ЕУ: Се разгледува укинување на царините за електричните автомобили

Кинеските автомобили сега интересни за ЕУ: Се разгледува укинување на царините за електричните автомобили

Европската унија и Кина започнале преговори за ново решение за замена, односно за укинување на царината на електричните автомобили од Кина. Решението најверојатно би можело да вклучува поставување на минимални цени. Со оглед дека односот помеѓу САД и ЕУ станува затегнат, сега одеднаш доаѓа до промена на планот на Европа. Во таа насока, наскоро би можеле да се укинат царините на електричните автомобили произведени во Кина.

ЕУ и Кина веќе започнале рунда преговори со цел да пронајдат решение кое би ги заменило царините кои кинеската влада ги смета за неповолни. Кинеските производители добиваат нова прилика, бидејќи се повторно интересни за Европа. Имено, кинеските производители не би смееле да продаваат електрични автомбили во земјите членки на ЕУ по цена пониска од утврдена со евентуалниот договор. Европската унија веќе има таква политика на минимални цени за хомогена стока, но не и за автомобили. Некои кинески производители моментално мора да платат царина од 35,3% за да можат да продаваат електрични автомобили во земјите членки на ЕУ. Тоа е случај со концернот SAIC, кој , помеѓу останатите го поседува и брендот MG. Останатите кинески брендови, како што се  BYD и Geely, мора да плаќаат царина од 17, односно 18.8%. Овие нови такси се додаток на старата увозна тарифа од 10%.

Испрати коментар

Scroll To Top