Првиот град во Кина кој потпишал договор со американската компанија Hyperloop Transportation Technologies (HTT) е градот Тонгрен. Како супербрз, футуристички превоз, кој како сопствена визија прв пат е представен уште во 2013године од страна на милијардерот и бријијантен инженер Илон Маск, „хајперлуп“ може да превезува патници и товар со брзина и до 1.000 километари на час, со минимално триење, користејќи капсули под притиском.
Договорот помеѓу HTT и Тонгрен покрива изградба на пробнна патека од десет километри. Познат по необичниот планински пејзаж и Тонгрен ќе служи како добар пробен терен за компанијата HTT да ja подобри и усоврши технологијата.
Тонгрен се наоѓа во покраината Гуиџо, една од покраините со најбрз напредок во кина, која во последните неколку години има вложено над 100 милијарди долари во инфраструктурни проекти.