Кинескиот гигант Коско доби 67 отсто од акциите на компанијата, која го менаџира пристаништето Пиреја, јавија грчки медиуми.
Тоа се случи откако управниот совет на грчката агенција за приватизација ја усвои најновата понуда на Коско Груп.
Вредноста на зделката е 368,5 милиони евра.
Приватизацијата во Грција е клучен услов во меѓународните спасувачки планови за Грција од 2010 година, но досега Атина успеа да собере едвај 3,5 милијарди евра од приватизациски зделки поради серија бирократски одложувања и недостиг на политичка волја.
Меѓу плановите на Владата во Атина во 2016 е и продажбата на уште државни активи.
Според новиот тригодишен финансиски план, договорен летото, до 2017 година грчките власти треба да соберат од приватизацијата 6,4 милијарди евра.