Компанијата Dongfang ја произведе далеку најмоќната ветерна турбина за офшор постројки на светот, со капацитет од 26MW. CRRC, уште една кинеска компанија, направила во својата фабрика машина од 20MW, за инсталирање на пловечка платформа, додека Sany Group е третата компанија во оваа низа која постигнала рекорд во иста недела, со нова турбина од 15MW за ветерни паркови на копно.
Dongfang истакнува дека новата турбина е проектирана за ветер со брзина од 8 m/s, и дека може да издржи дури и т.н супертајфун. Се состои од над 30.000 делови, а има пречник на роторот од 310 метри. Интересно е дека основната дејност на компанијата CRRC е производство на шински возила и најголема е во светот во тој сектор. Сепак, таа ги остави зад себе ривалите и во оваа индустрија со новата турбина рекордер. Турбината наменета за копно на Sany Group е инсталирана во покраина која е во близина на Русија и Северна Кореја. Пречникот на роторот е 270 метри.