Насловна / Вести / Кинеската ракета Long March се распадна, создавајќи проблем со нов вселенски отпад

Кинеската ракета Long March се распадна, создавајќи проблем со нов вселенски отпад

Кинеската ракета Long March која се распадна во вселената минатата седмица, создала повеќе од 700 парчиња отпад поради кој над илјада сателити и други објелти во Земјината орбита се изложени на ризик од судири. Државната кинеска компанија Shanghai Spacecom Satellite Tehnology (SSST) со оваа ракета лансираше 18 интернетски сателити во орбитата, како прв дел од комуникациската мрежа која ќе се натпреварува со Starlink на SpaceX. Но, горниот дел на ракетата експлодирал брзо по испуштањето на товарот. Облакот од парчиња отпад се наоѓа на височина од околу 800 километри, а според аналитичарите ќе постои неколку години. Околу 1.100 сателити се наоѓаат на помалку од 5 километри оддалеченост од овој новосоздаден вселенски отпад.

 

Еден коментар

  1. pinup casino – казино с широким выбором азартных игр, бонусами и акциями для игроков всех уровней, где каждый найдет что-то по душе и сможет испытать удачу.

Испрати коментар

Scroll To Top