Од Кина стигнаа вести за уште еден целосно електричен хипер автомобил од новоформиран производител – кинеската компанија Farnova Automotive. Othello е претставен во облик на прототип, со неверојатни 1835hp (1350kW). Компанијата планира да произведе 200 примероци од следната година, по цена од 250.000 евра. Othello користи шасија превземена од спортскиот Qiant K50, што е резултат на договорот помеѓу Farnovа Automotive и Qiant Motors. Освен заедничката шасија, двата автомобили се сосема различни во однос на стилот и перформансите. Кинескиот прототип е опремен со два електромотори, кои во комбинација генерираат 1835 KS (1350 kW) и неверојатни 12.000 Nm вртежен момент. Тоа му овозможува забрзување до 100km/h за 1,8 секунди. Достигнува максимална брзина од 420 km/h. Батеријата од 75 kWh нуди домет од 600 километри.
Производството стартува следната година во фабриката во Changde. Освен Othellо, Farnova Automotive има и други големи планови – веќе објавиле фотографии од електричниот автобус проектиран од страна на поранешниот главен дизајнер во Lamborghini, а од 2023 година планираат и развој на некои електрични SUV возила, кросовери и лимузини.