Насловна / Градежништво / Кинеска „лекција“ по градежништво

Кинеска „лекција“ по градежништво

china1_1432360i_pocetna.jpgДо каде може да оди
градежната мафиозна
спрега меѓу компаниите
и локалните власти, најдобро
покажува следниот пример од
Кина. Имено, една од зградите во
елитната населба „Лотосов брег“,
сместена покрај река во градот
Шангај, се урнала уште пред да
биде вселена од станарите.

Oткако ја изградиле
тринаесеткатницата, изведувачите
истовремено почнале да градат
подземен паркинг. За таа цел, тие
направиле ископ од предната
страна на длабочина од 4,6 метри.
Ископаната земја ја истурале
на задната страна од зградата
во височина од 10 метри, во
непосредна близина на реката.
На тој начин, зградата се нашла
под силен притисок од задната
страна, поточно од големото
количество земја тешко околу
3.000 тони. Од друга страна,
поради силните дождови, водата
навлегла длабоко во почвата и
уште повеќе ја искомплицирала
ситуацијата. Под овој притисок
шиповите не можеле повеќе да
издржат и зградата се урнала
на страната каде што бил
испланиран и ископан просторот
за паркинг. Покрај големата
материјална штета, дошло и до
човечка несреќа – еден загинат.
Поради овој градежен скандал,
биле уапсени деветмина, меѓу кои
претставници на инвеститорот,
изведувачот и надзорот. Од
друга страна, оваа немила случка
била повод во Кина отворено
да се крене глас за градежната
мафија и нивната „соработка“
со локалните власти.

Повеќе во број 139. 

 

china1_1432360i.jpg china2_1432361i.jpgchina3_1432363i.jpgchina5a_1432366i.jpg

 

Испрати коментар

Scroll To Top