Насловна / Вести / Кинеска компанија ги награди сите свои 4.116 вработени со нови автомобили

Кинеска компанија ги награди сите свои 4.116 вработени со нови автомобили

Кинеската компанија за производство на челик „Џијангси“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нови автомобили поради надминување на целите за профит петта година по ред.

k3_resize

Компанијата за производство на челик „Џијангси“ (Jiangxi West Dajiu Iron & Steel Corporation), организирала настан на 1. октомври за да го прослави својот успех и да ги награди вработените за нивниот придонес кон годишниот раст.

Компанијата остварувала зголемен профит во последните пет години, а раководството сакало да стори нешто посебно за да им се заблагодари на вработените, па одлучиле на секој од нив да му подарат автомобил.

k2_resize

Во тек на неколку недели воочи Денот на кинеската државност, беа дистрибуирани вкупно 4.116 возила, од кои 2.933 модели се „Форд територи“ и 1.183 „фолксваген маготана“.

Според кинескиот сајт „Соху“, вредноста на возилота е околу 500 милиони јуани, или 74 милиони долари.

Компанијата најави дека ќе плати и за регистрација, петгодишно авто-осигурување, како и данок на возилата.

k1_resize

Како промотивен материјал за настанот, компанијата користеше дрон за да сними неколку стотици нови автомобили поставени околу големата сцена за прославата.

Видеото стана вирално на кинеските социјални мрежи, додека компанијата доби бројни пофалби за споделување на профитот со своите работници.

Испрати коментар

Scroll To Top