Насловна / Вести / Кинеска инвестиција од 600 милиони евра во најголемото грчко пристаниште

Кинеска инвестиција од 600 милиони евра во најголемото грчко пристаниште

Кина и Грција се договорија да продолжат со реализација на 600 милиони евра вредната инвестиција на кинеската компанија Kosko во најголемото грчко пристаниште Пиреја.

Спогодбата е дел од вкупно 16-те билатерални трговски договори кои ќе бидат потпишани помеѓу Кина и Грција. Овие две земји се доближија во 2009 година кога Kosko доби 35-годишна концесија за модернизација и управување со контејнерскиот дел од работењето на пристаништето во Пиреја. Во 2016 година, Kosko го купи мнозинскиот дел (51%) од акциите во пристаништето Пиреја. Кинеската компанија планира да го претвори ова пристаниште во најголемо комерцијално пристаниште во Европа, и за тоа ќе потроши 600 милиони евра. Овој износ опфаќа и задолжителни инвестиции од 300 милиони евра до 2022 година, со што Kosko ќе превземе дополнителни 16% од акциите. Меѓутоа, отпорот од локалните заедници ја натера Грција минатиот месец да ги отфрли плановите на Kosko за изградба на нов контејнерски терминал, под изговор дека “условите сеуште не се созреани“.

Pireja1

Pireja2

Pireja3

Испрати коментар

Scroll To Top