Од 01.01.2021 година, Кина ќе забрани увоз на цврст отпад, како и одлагање на отпадни производи од странство на својата територија. Од 1980-тите години, Кина увезува цврст отпад кои потоа се чисти, дроби и претвора во сировини за индустријата. Така оваа земја стана најголем увозник на отпад, но тоа довело до дополнителни проблеми. Често се случувало еден дел од отпадот да не може да се рециклира или правилно да се депонира, што довело до зголемување на загдувањето. Затоа, владата на Кина од 2017 година донела одлука со која започнува со постепена забрана на увозот на цврст отпад. Оттогаш Кина постепено го забранува увозот на различни видови пластики, делови за автомобили, хартија, текстил, отпаден челик и дрво. Сепак, и покрај забраните, одредени компании илегално увезуваат отпад, што претставува дополнителна закана по јавното здравје и ја загадува животната средина. Поради тоа, веќе од почетокот на следната година стапува на сила забрана за увоз на секаков вид отпад.