Контроверзната секојдневна практика на испраќање на отпадот со илјадници километри подалеку со цел да се рециклира, најверојатно по многу години ќе биде прекината. Имено, Кина најави дека веќе нема да згрижува голем дел од отпадот кој досега го увезуваше од странство. Кинезите веќе ја известиле Светската трговска организација (WTO) дека се пронајдени големи количини „валкан“ или дри и опасен отпад помешан со цврстиот отпад кој го увезуваат, а кој може да користи како суровина за производство на нови производи. Исто така, целта е да се намалат криумчарењето и увозниците кои користат илегални дозволи. Со цел да ги заштити сопствените интереси, а првенствено здравјето на своите граѓани, Кина итно го забрани увозот на цврстиот отпад кој е многу загаден.
Исто така, заедно со одлуката за забрана на увозот на пластичен отпад, Кина има намера да го спречи и увозот на одредени метали, текстил и несортирана хартија. Притисокот познат под името ‘National Sword’ предизвика голем аларм во Европа и Северна Америка, бидејќи количината на рециклирачкиот материјал кој го превзема Кина е толку голема што е малку веројатно дека постои некоја друга земја што би можела да го поднесе тоа оптоварување.
Имено, во САД над 155.000 работни места директно се поврзани со извозните активности на американската индустрија. Во Европа, истоа така ситуацијата е алармантна, особено во Велика Британија која на Кина и испраќа секој месец над 200.000 тони картонски отпад, додека цела континентална Европа само 8.000 тони.
Затоа, оваа ненадејна промена на пазарот бара итна потреба од одржливо управување со отпадот. Тоа може да се постигне само со зголемување на квалитетот во рециклирањето, собирањето и сортирањето на отпадот. Датумот на забраната не е дефиниран, но се проценува дека би можел да стапи на сила кон крајот на оваа година, објави Resource Recycling.