Насловна / Вести / Кина забрани увоз и продажба на нечист јаглен

Кина забрани увоз и продажба на нечист јаглен

China.Steel.Benxi
Кина за помалку од четири месеци ќе забрани продажба и увоз на нечист јаглен, во рамки на обидите да го намали загадувањето во земјата, соопшти кинеската влада. Јагленот со високо ниво на сулфур од над три отсто и со проценет пепел од над 40 отсто од 1 јануари 2015 година повеќе нема да биде дозволен во Кина, според обавестувањето поставено на официјалниот сајт на кинеската Комисија за национален развој и реформи НДРЦ. Се работи за највисоко тело во владата задолжено за економско планирање. Кинеската влада на ваков потег се одлучи во обид да го подобри квалитетот на воздухот во поголемите градови, јави кинеската новинска агенција Синхуа. 

Испрати коментар

Scroll To Top