Кина, најголем светски емитор на штетни гасови, донесе нов закон за еколошки данок, но емисијата на јаглен-диоксид повторно ќе биде изземена од неговата примена. Законот за еколошки даноци, кој најмногу ги погодува компаниите, го усвои постојаниот комитет на кинескиот парламент, по неколку дена од бранот на атмосферско загадување поради кое во последните шест дена во многу делови на Кина е издадено црвено предупредување.