„Кина ја зајакнува својата позиција во областа на обновливите извори на енергија и потенцијално ги надминува сопствените енергетски цели“, се вели во извештајот на Global Energy Monitor. Кина би требало да го удвои својот инсталиран капацитет од сонце и ветер до 2025 година, и пет години порано да ја достигне својата зацртана цел за 2030 година.
Во првиот квартал од оваа година, кинеските капацитети за производство на електрична енергија достигнале 228 GW, повеќе отколку во остатокот на светот заедно. Постројките се лоцирани во северните и северозападните провинции на земјата. Покрај тоа, има соларни фарми во изградба кои би можеле да придонесат со дополнителни 379 GW инсталиран капацитет, што е тројно повеќе од САД и речиси двојно повеќе од состојбата во Европа. Кина има огромен напредок и во производството на електрична енергија од ветер – нејзиниот комбиниран капацитет на копнени и електрани на море, во моментот надминува 310 GW, што е двојно повеќе во однос на нивото од 2017 година. Кина е на пат да додаде уште 371 GW пред 2025 година, и така да стане производител на половина од енергијата добиена од ветер на светско ниво.