Насловна / Вести / Кина: Скапа облека од рециклиран отпад

Кина: Скапа облека од рециклиран отпад

Освен во добротворни цели, старата гардероба може да биде корисна и доколку добие нова намена. Во Шангај, Кина, постои модно студио кое на веќе отслужените парчиња им дава нов живот. Иако во модната индустрија долго важеше девизата „старото е аут, новото е ин“, во екот на рециклирањето и грижата за животната средина, таа се повеќе ја губи смислата. Старите производи можат да станат прилично модерни. Основачката на т.н „Банка за рециклирана гардероба“ , односно модно студио во Шангај, вели дека во оваа индустрија многу брзо се менуваат трендовите – од сезона до сезона. Таа секојдневно гледала купишта облека која се фрла, и поскала да направи револуција во модната индустрија. Идејата била нешто што е несакано да се претвори во статусен симбол. Почнала пред десет години, најпрво со донирана гардероба, а денес користи како суровина вистински отпад. „Рециклираните материјали се исти како материјалите кои се користат за изработка на облеката. Претворањето на пластичните шишињa во облека сериoзно ја намалува цената на производство, но и јаглеродниот отпечаток“ велат од Банката за рециклирана гардероба. Сепак, она што излегува како производ од ова модно студио, воопшто не е ефтино. Капут може да чини и до 700 евра. Овие ентузијасти, но несомнено и добри бизнисмени, веруваат дека дизајнот и квалитетот ќе ги освои купувачите. Нивните клиенти не се само оние со висока еколошка свест и одговорност, туку многу пошироко.

bank1

bank2

bank3

bank4

 

Испрати коментар

Scroll To Top