Североисточните делови на Кина се зафатени од најголема суша во последниве 50 години, поради што околу 300.000 лица се соочуваат со недостиг на вода за пиење, јави ДПА.
Поради сушата и недостигот на вода, опасност од истребување им се заканува и на околу 82.000 домашни животни во провинцијата Лијаонинг.
Кинеските метереолози објаснуваат дека во последниот месец врнежите од дожд во тој дел на Кина биле на ниво од околу 60 проценти од просекот за овој период од годината.