Кина се подготвува за лансирање на својата прва мисија на Марс. Мисијата под името Tianwen-1, има за цел орбитирање и собирање на податоци за научно истражување на Марс“, истакнува Кинеската национална вселенска агенција. Четвртата ракета е превезена во центарот за лансирање во Венчанг во јужната кинеска провинција Хаинан. Претходно ракетите се тестирани три пати. Лансирањето на мисијата се очекува кон крајот на јули или почетокот на август. Во 1970 година, Кина успешно го лансирала својот прв сателит – Dongfanghong-1. Во 2003 година станува третата земја во светот која лансирала човек во вселената во сопствена ракета, по поранешниот Советски Сојуз и САД.