Претседателот на Кина Си Џинпин, за време на својот двочасовен говор на литературен симпозиум, даде изјава која ја потресе архитектонската јавност и широката публика: „ Доста е од чудна архитектура!“
Во годините на долготрајниот градежен бум, во Кина се појавија толку многу високотехнолошки зданија, што дури и САД заостануваат во тој поглед: Гигантскиот „круг“ во Гванџоу, „камењата“ од Заха Хадид, зданието на Централната кинеска телевизија од Рем Колхас, во народот наречено „големите семејства“ и други, а да не зборуваме за облакодерите и мостовите чија асоцијација со гениталии ја возбудува кинеската јавност.
Си Џинпин изјави: „Добрата архитектура треба да биде како сончевата светлина, којашто се лее од синото небо како пролетен ветер кој ги инспирира умовите, ги грее срцата, го развива вкусот и го чисти стилот“. Весникот „Њујорк тајмс“ пренесува уште еден цитат: „Кинеската уметност треба да ги распространува современите кинески вредности, да ја отелотворува традиционалната кинеска култура и да ги одразува стремежите на кинескиот народ“.
Во западниот печат зборовите на политичарот ги оценуваат различно. Причините за таквото искажување ги поврзуваат со продолжувањето на програмата за борба со корупцијата (која особено „расцвета“ при реализацијата на крупни проекти од странски архитекти), со ниските податоци за туризмот, со појавата на национализмот. Локалните социјални мрежи веќе ги користат зборовите на претседателот и пишуваат дека „Кина не е полигон за експерименти на странците“.