Кина сака да изгради многу брза железничка пруга долга 13.000 километри, која би ја поврзувала таа земја со САД, а цената на проектот е околу 200 милијарди УСД. Оваа железничка линија би минувала преку Сибир, потоа низ беринговиот мореус, па преку Алјаска, канадските територии Јукон и Британска Колумбија, се до копнениот дел на САД. Плановите за вакво поврзување се појавиле уште во 2014 година. Во тоа време кинеските инженери веќе преговарале со своите руски колеги за започнување на изградбата на таква мега линија, и дека тоа е возможно со постоечката технологија. Уште во 2018 година, Кина ја одобрила изградбата на првата светска супер брза железница која ќе го поврзува Шангај со архипелагот оддалечен 77 километри од копното.
Сепак, многу критичари го тпишуваат споменатиот проект како еконосмки застарен, наведувајќи ги товарните бродови и воздуѓниот транспорт како поефтини опции, а покрај тоа сметаат и дека проектот е премногу комплициран.