Безмалку 10.000 луѓе во Кина ќе мора да ги напуштат своите домови поради изградбата на најголемиот телескоп на светот. Џиновскиот телескоп треба да биде изграден во провинцијата Гуиџоу, во југоисточна Кина, јавуваат кинеските државни медиуми.
Телескопот ќе зазема површина од 30 фудбалски терени. Локалните власти најавиле дека до септември оваа година, ќе бидат раселени 9.110 луѓе кои живеат во пречник од пет километри. Раселените ќе добијат и финансиски надомест од 1.650 евра.
Проектот за изградба на телескопот ФАСТ започнал во март 2011 година и чини околу 165 милиони евра.
Нешто не ми е јасно. Кинескиот телескоп ш
то е грандиозно дело чини 165 милиони евра во чија реализација се вклучени илјадници најстручни луѓе а еден фудбалер од некоја фавела вредел 200 милини евра. Светов навистина е луд.