Насловна / Вести / Кина работи на имплементација на нова шема за намалување на емисиите на стакленички гасови

Кина работи на имплементација на нова шема за намалување на емисиите на стакленички гасови

Електраните кои ја загадуваат животната средина во Кина, отсега ќе мора да бираат дали ќе платат за загадувањето или пка самите ќе се погрижат за „санирање на штетите“.

Најголемиот глобален емитер на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, Кина, лансираше нов механизам за редукција на емисиите, во форма на систем за размена на истите. Челниците на кинеската влада, минатата недела ги одобриле плановите за размена на емисиите, кои првично ќе се однесуваат на електричните централи  а подоцна ќе се применат на целата економија.

iStock-485873480

Кинеските стручњаци проценуваат дека емисијата на јаглерод диоксид во Кина ќе го достигне својот максимум во 2030 година, а потоа ќе започне да опаѓа. Овој нов систем би можел да и овозможи на Кина да дејствува во согласност со Парискиот договор за климата. Во рамките на овој нов систем, кинеските електрични централи ќе добијат дозвола за емитување на одредени количини јаглерод диоксид. Оние капацитети кои ќе успеат своите емисии да ги држат под контрола, односно во рамките на дозволените граници, ќе можат да им ги продадат преостанатите „бодови“ на други електрични централи. Ова ќе резултира во настојувања кај загадувачите да ја зголемат ефикасноста, или пак да платат за штетата која ја предизвикуваат.

1513941476702

Кинескиот енергетски сектор е одговорен за околу 3,3 милијарди тони јаглерод диоксид кој годишно с еиспушта во атмосферата, па токму затоа овој нов систем се смета за еден од најважните светски механизми за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Oваа иновација, би ја одредила ефективната национална цена на емисиите на јаглерод диоксид. Системот бил анализиран и конципиран во период подолг од една деценија, а имплементацијата е планирано да трае неколку месеци до една година. Цената на емисиите најверојатно ќе биде позната подоцна во текот на 2018 година. Кога ќе стане целосно оперативен, системот ќе биде проширен на 8 сектори: енергетика, производство на железо и челик, производство на обоени метали, петрохемија, индустрија за хартија, индустрија за градежни материјали и цивилна авијација.

Концептот на размена на емисии е осмислен во рамките на Кјото протоколот од 1997 година.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top