Насловна / Архитектура / Кина става крај на „чудната архитектура“

Кина става крај на „чудната архитектура“

KIna gradovi

Кина стана дом на некои од најчудните архитектонски концепти на 21 век. Во Кина е изградена реплика на Ајфеловата кула, потоа изграден е еден типичен англиски град, и многу други реплики на познати градби. Од друга страна пак, објектот на Светскиот финансиски центар во Шангај познат е уште под името „најголем отворач за шишиња“ во светот. Но, како и да е, сите овие чудни проекти наскоро ќе запрат согласно Директивата на Државниот совет на Кина и Централниот комитет на Комунистичката партија.

Kina gradovi2

Директивата вели: „Не се дозволува веќе изградба на објекти кои се со огромни димензии, ксеноцентрични, чудни и кои отстапуваат од кинеската културна традиција. Напротив, треба да се градат објекти кои ќе бидат проектирани како соодветни, економски физибилни, зелени, одржливи и пријатни за окото“.

CHINA ARCHITECTURE

Исто така, кинеските власти ги покренале и прашањата во врска со забрзаната урбанизација на земјата и брзата изградба на нови населби со резиденцијални станбени згради и ќе преземе некои мерки и во оваа насока, со оглед на фактот што 700 милиони од популацијата живее во градовите.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top