Тим составен од кинески и од неколку научници од други земји, започнал 45 дневна научна мисија во западниот дел на Тихиот океан. Кинескиот национален центар за длабоки мориња, објавил дека мисијата ќе биде спроведена првенствено во Магелановото подморје кое се смета за приоритетна област кога станува збор за зачувување на биодиверзитетот на длабокото море. Експедицијата треба да реализира 18 нуркања со цел собирање на организми, морска вода и седименти од голема длабочина. Тоа би требало да пружи нов увид во состојбата на морските екосистеми. Оваа програма предводена од Кина, добила поддршка од 39 земји. Освен кинеските, во склоп на мисијата учествуваат и научници од Канада, Шпанија, Колумбија и други земји.