Насловна / Вести / Кина подготвува одговор на новите американски царини

Кина подготвува одговор на новите американски царини

Кина подготвува противмерки со кои ќе се спротистави на новите царини наметнати од САД, зголемувајќи го на тој начин влогот во трговската војна која се повеќе се распламтува помеѓу двете најголеми светски економии. Американскиот претседател Доналд Трамп, минатата седмица и се заканил на Кина со дополнителни 10% царина, со што кумулативно тарифата би изнесувала 20%. Освен тоа, го обвинил Пекинг дека не превзема доволно за да го спречи влегувањето на фентанилот во САД, што Кина го оценила како „обид за уцена“.

Кина проучува и формулира контрамерки со кои ќе одговори на оваа американска закана, и истите најверојатно ќе се однесуваат на земјоделски и прехрамбени производи. Кина и натаму е најголемиот пазар за американските земјоделски производи, и покрај падот на увозот откако во 2018 година Пекинг наметна царини до 25%. По најавата на Трамп за новите мерки, Пекинг имаше помалку од една недела да креира противмерки или да постигне спогодба. Аналитичарите велат дека Пекинг сеуште се надева на преговори со администрацијата на Трамп, но можноста за приближување на двете економии е мала.

 

Испрати коментар

Scroll To Top