Кина ќе изгради 30 нуклеарни централи во државите долж рутата „Еден појас, еден пат“, до 2030 година, изјави претседателот на Националната кинеска нуклеарна компанија (CNNC) Сун Кин. Тој вели дека во моментот дури 70 држави планираат или развиваат свои нуклеарни проекти, и проценува дека до 2020 година ќе бидат 130 нови нуклеарни постројки во светот.
„Ние се соочуваме со многу силна конкуренција на глобалниот нуклеарен пазар“, вели Сун. Тој додава дека земјите како Русија, Јужна Кореја, Јапонија и САД, „агресивно го испитуваат глобалниот пазар“. „Еден појас, еден пат“ го опфаќа подрачјето долж „Економскиот појас на патот на свилата“ и „Поморскиот пат на свилата за 21 век“, иницијатива која ја предложил претседателот на Кина со цел зајакнување на регионалната економска интеграција и инфраструктурното поврзување. Според податоците на Државната енергетска администрација (NEA), Кина во моментот има 30 нуклеарни централи, а во тек е изградба на уште 24.