Насловна / Вести / Кина откри детали од мегапроектот: „За неколку години воведуваме возови со брзина од 600km/h“

Кина откри детали од мегапроектот: „За неколку години воведуваме возови со брзина од 600km/h“

Кина планира да воведе брз maglev (magnetic levitation) железнички систем, способен за максимална брзина од 600km/h и брзи возови во вакуумска цевка, односно футуристичкиот hyperloop систем (над 1000km/h). Се очекува ова дополнително да ги зајакне технолошките можности на оваа земја, како и понатамошните истражувања и развој. Државниот железнички регулатор, Националната железничка управа (NRA), го претстави овој предлог во склоп на петгодишниот план за железничката инфраструктура и технолошки иновации. Предвидено е овој систем да биде завршен во периодот 2021-2025 година. Со воведувањето на овој концепт Кина се подготвува да ги подобри своите технолошки предности во железничките системи во 2025 година. За да постигне сеопфатна сигурност, Кина ќе се фокусира на нискојаглеродни одржливи решенија. Во склоп на планот ќе се развиваат и патнички возови со брзини до 400km/h, како и товарни возови со капацитет до 30.000 тони товар.

maglev1

maglev2

 

Дополнителната инфраструктура вклучува сателитска навигација, 5G мрежа, вештачка интелигенција, big data и сл. Во јули минатата година, Кина го претстави брзиот maglev воз, со максимална брзина од 600km/h во Qingdao во провинцијата Shandong. За овој воз се тврди дека е најбрзиот maglev транспортен систем кој треба да биде пуштен во редовен сообраќај. Кина веќе речиси две децении се служи со оваа технологија, но ограничено. Така, Шангај веќе има воз maglev кој го поврзува градот со еден од аеродромите. Засега во Кина нема меѓуградски линии maglev, но некои градови веќе работат во таа насока. Со брзина од 600km/h, на возот би му требале само два и пол часа за патот од Пекинг до Шангај, а станува збор за оддалеченост од над 1000 километри. Досега Кина има развиено систем од дури 40.000 километри брзи железници, што претставува околу 2/3 од вкупните брзи железници на светот.

maglev5

Испрати коментар

Scroll To Top