Насловна / Вести / Кина основаше специјален суд за случаи поврзани со загадување на природната средина

Кина основаше специјален суд за случаи поврзани со загадување на природната средина

china zagaduvanje
Врховниот суд во Кина основа специјален трибунал за случаи за загадување на животната средина, во момент кога Пекинг се соочува со незадоволство поради зголеменото ниво на загадување.

Трибуналот ќе разгледува случаи на прекршувања на законите за заштита на животната средина – загадување на воздухот, водата и земјата, како и случаи поврзани со заштита на рудни и природни ресурси како што се шуми и реки.

– Основањето на трибуналот ќе има позитивно и длабоко влијание врз заштитата на еколошките права и интереси на луѓето…спречувајќи понатамошно загадување на природната средина и подобрување на меѓународниот имиџ на Кина кога станува збор за еколошка заштита, – изјави Сун Џунгонг, портпарол на Судот.

Одлука за основање на Судот следуваше откако во април е усвоен амандман на кинескиот закон за заштита на природната средина, прв по 25 години, со кој се наметнуваат сторги казни, а прекршителите се предупредуваат дека ќе бидат „именувани и посрамотени“.

Според претседателот на Судот Џенг Сјуелин, кинеските судови од 2011 до 2013 година прифатиле помалку од 30.000 случаи поврзани за природната средина годишно, додека во таа држава годишно се регистрирани во просек по 11 милиони такви случаи.

Испрати коментар

Scroll To Top