Насловна / Вести / Кина нареди прекинување на работите во илјадници фабрики

Кина нареди прекинување на работите во илјадници фабрики

 

Smog vo Peking

Кинеските власти им наредија на илјадници фабрики привремено да ја прекинат работата, поради големото загадување на воздухот и чадот во градовите, кој го загрозува здравјето на луѓето. Пекинг е покриен со густ сив чад, а концентрацијата на честичките ПМ 2,5 надминува 598 микрограми на метар кубен. Безбедното ниво кое го пропишува Светската здравствена организација е само 25 микрограми на метар кубен. Властите во Пекинг затоа наредија прекин на работата на 2.100 фабрики, кои се најголеми загадувачи и ги советуваа граѓаните да не излегуваат од своите домови, објави весникот „Чајна Дејли‟.

Испрати коментар

Scroll To Top