Кина ќе ги намали емисиите на стакленички гасови од големите загадувачи во енергетскиот сектор за цели 60% до 2020 година. Овој амбизиозен план веќе е најавен од страна на кинеската влада во државните медиуми. Кина, исто така, ќе ги намали годишните емисии од електричните централи на јаглен за 180 милиони тони до 2020 година.
Кинеската влада соопшти дека го поздравува вклучувањето на јуанот меѓу резервните валути на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со оваа одлука кинеската валута добива своја вистинска пазарна вредност. ММФ го вклучи јуанот во цврсто затворениот клуб на валути за меѓународни резерви, каде се американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и еврото.