Насловна / Екологија / Кина ќе изгради 28 GW од нуклеарки до 2020 година

Кина ќе изгради 28 GW од нуклеарки до 2020 година

359237
Земјата жедна за енергија започна голем проект за изградба на нуклеарни централи. Кинезите се одлучиле за тој 150 милијарди долари вреден проект со цел да убијат две муви со еден удар – да ја задоволат жедта за енергија и да го подобрат квалитетот на воздухот. Постоечката кинеска флота нуклеарки има моќност од 30 GW, а до 2020 година треба да бидат изградени уште 28 GW. Според тоа, Кина после САД ќе стане втора најголема нуклеарна сила во светот.

Главни носители на проектот ќе бидат CNNC и CNG, кои управуваат со 20 постоечки реактори. Кинеската јавност не е премногу наклонета на нуклеарната енергија, а големите протести лани ја запреа изградбата на постројката за преработка на ураниум во покраината Гуандонг. Интересно е дека истите две компании учествуваат во израдбата на нуклеарката Hinkley Point во Велика Британија, која е во сопственост на EdF.

Испрати коментар

Scroll To Top